Со грант од ЕУ ќе се набават ровокопачи за 30 општини

Министерството за финансии денеска потпиша договори со кои се овозможува и дава на располагање механизација  ровокопачи, што ќе ги користат 30 општини, со  грант обезбеден од Европската Унија.

 

Активноста се спроведува преку проектот за подобрување на општинските услуги, а е администриран и финансиски поддржан преку Светска банка, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски кој  ги потпиша договорите со градоначалниците.

 

-Новата механизација ќе им овозможи на општините во секој момент да имаат на располагање маханизација за чистење речни корита, одрони или други проблеми за кои е потребна брза реакција. Вкупната вредност на грантот е над 46 милиони денари што значи дека со не толку висока сума може да се направи сериозен импакт и проект во функција на над 300.000 граѓани, истакна министерот Тевдовски и додаде дека со проектот за подобрување на локалните услуги моментно има реализација и на други полиња, односно се градат градинки, се подобруваат патишта низ различни општини и се градат други објекти за подобри услуги на граѓаните.

 

На промотивниот настан во Битола учествуваше и Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ кој  ја истакна одличната соработката со Министерството за финансии.

 

– Овој проект е добар пример како ЕУ, Светска банка и Министерството за финансии овозможија бенефит за граѓаните. Овој проект е дел од нашата кампања „За чисто, како дома исто“ преку која се обидуваме да помогнеме на сите граѓани, нагласи Бертолини.

 

Според критериумите за учество во проектот и начинот на добивање на механизацијата, за да се добие еден ровокопач беше потребна заедничка апликација на три општини кои заеднички ќе го користат, информираа од Министерството за финансии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.