Францускиот бизнисмен Бернард Арно влезе во првите тројца најбогати луѓе

Францускиот бизнисмен Бернард Арно се најде на рангот на најбогатите луѓе во светот и сега е трет. Неговото богатство изнесува нешто над 100 милијарди долари.

 

Арно е единствениот европеец на првите три места. Пред него се шефот на Амазон, Џеф Безос и основачот на Microsoft, Бил Гејтс, рангирани како втор и прв.

 

Тројцата се единствените во светот со богатство од преку 100 милијарди долари. Бернард Арно контролира половина од светскиот лидер на луксузни стоки "Луј Витон". Приходите на Групацијата за 2018 година изнесуваат 55,3 милијарди долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.