Протести пред зградата на компанијата Амазон во Франција

Активисти за заштита на животната средина денеска се врзаа за  капиите и ја окупираа зградата на компанијата Амазон недалеку од Париз, обвинувајќи ја дека уништува работни места и предизвикува штета на планетата.

 

 

Учесниците на протестите ги окупираа и зградите на Амазон во Тулуз и Лил, надевајќи се дека слични акции ќе бидат покренати и во други земји.

 

Неколку десетици демонстранти се качија преку оградата и се пробиле во канцелариите на Амазон во северното предградие на Париз, каде седат во дворот и влезниот хол на компанијата.

 

На вработените им било дозволено да ја напуштат зградата, но не и да се вратат во неа.

 

Активистите, воглавно студенти волонтери пред капијата играле фудбал, слушале музика и најавиле дека тука ќе ја поминат и ноќта ако треба.

 

Некои од учесниците на протестите носеле жолти елеци, а организаторите на протестите ја повикаа Владата да блокира авторизација на три нови магацини на компанијата Амазон кои би требало да се отворат во Франција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.