МојДДВ досега ја симнале 58 илјади корисници, повратот на ДДВ околу 120 илјади евра

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата МојДДВ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово.

 

Притоа, за истиот период прочитани се вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу 7 милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

 

Како што истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната средба со новинарите, мерката веќе ги дава првите посакувани ефекти од нејзината примена во однос на издавањето фискални сметки и справувањето со сивата економија.

 

Единствен проблем, додаде таа, во моментов околу примената на апликацијата е што таа не може да ја симнат корисниците на „ајфон“. Во врска со ова, таа појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на „Епл стор“ за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт. Но, како што рече, заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка и додаде оти се очекува во секој момент апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“ на веб страната на „Епл стор“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.