Речиси половина Американци веруваат дека на електричните автомобили им е потребено гориво
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 23 Септември 2019
Од автомобилската компанија „Форд“ објавија резултати од независно истражување спроведено во Европа, Кина и во САД.
Во рамките на ова истражување особено изненадувачки се резултатите кои покажуваат дека 42 отсто Американци се уверени оти на електричните возила им е неопходен бензин за да се движат.
Во анализата на компанија се додава дека 90 отсто Американци и Европејци и натаму сметаат дека електричните возила се бавни, а 67 отсто тврдат дека на струја тешко може да се влече приколка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс