Јанушев: Одлуката за данокот е неуспешен обид на власта да го ублажи поразот

Одлуката за замрзнување на прогресивниот данок е дневна политика во пресрет на изборите, оцени генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарско прашање во Велес.

 

„Мислам дека сите сме свесни дека се работи за политика што повеќе не поминува. Ова е неуспешен обид за да се доближат до граѓаните и да пробаат да го намалат поразот кои што ги очекува на изборите на 12 април“, рече Јанушев.

 

Тој додаде дека опозијата укажувала оти станува збор за лошо законско решение кое воопшто не треба да биде донесено.

 

Претходно неделава, министерката за финансии, Нина Ангеловска соопшти дека даночната реформа која ја воведе Владата на СДСМ се замрзнува за следните 36 месеци. Се одложува и даночењето на капиталните добивки и на каматите на штедните влогови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.