Заев: Првиот конгрес за патишта во земјава, шанса за размена на искуства и технологии

Премиерот Зоран Заев, со обраќање го прогласи за отворен Првиот македонски конгрес за патишта кој денеска и утре се одржува во Скопје.

 

Заев истакна дека развиеноста и квалитетната патна инфраструктура се клучни фактори кои пресудно влијаат на економскиот развој и на компетитивноста на економијата на секоја земја.

 

„Република Северна Македонија е земја во развој и тој развој дефинитивно нема да биде можен без добра патна инфраструктура. Токму затоа, нашите политики имаат јасна цел, а тоа е создавање на квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и на крај силен економски раст и развој на државата. Затоа поврзувањето преку добра, модерна и функционална патна инфраструктура е од исклучителна важност. Во таа насока верувам дека Првиот македонски конгрес за патишта ќе остави длабока трага затоа што е место за презентација и размена на искуства и технологии за изградба на современа патна инфраструктура, за квалитетно проектирање, изведба и надзор. Радува масовниот одзив за учество и присуство на конгресот со што се гарантира значен придонес за да бидеме рамо до рамо со модерниот свет“, нагласи македонскиот премиер.

 

Првиот македонски конгрес за патишта, на кој учествуваат 360 учесници, од кои 150 се од 15 европски земји и од светот, го поздравија и успешна работа му посакаа, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Златко Србиноски и Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери и претседател на Европската комора на инженери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.