Република Српска забрани увоз на над еден тон месо, меѓу кое и пратка од Скопје

Во изминатиот месец Инспекторатот за храна во Република Српска (РС) забранил увоз на три пратки на производи од месо во количина од над еден тон, бидејќи се утврдило дека не ги исполнуваат пропишаните услови за квалитет.

 

Како што пренесе агенцијата „Онаса“, станува збор за производ „пушено пилешко делукс филе“ произведено во „Мис глобус“ Скопје, каде била утврдена помала содржина на протеин отколку што е пропишано, како и две пратки од „Зимска салама“ на „Пик“ Врбовец, за кои е утврдено дека не ги исполнуваат барањата во однос на rN-вредностите.

 

„Наведените пратки не претставуваат ризик по здравјето на луѓето, но со нивниот квалитет не ги исполнија пропишаните услови за пуштање во продажба, а надлежната инспекција со цел да ги заштити правата на потрошувачите и домашниот пазар, забрани увоз на спорните производи“, велат од Инспекторатот на РС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.