Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

 

Новата цена на  еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 ќе биде 70 денари за литар.

 

Цената на дизелот ќе остане 62 денари за литар.

 

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар на 51 денар за литар.

 

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 денари на 33,344 денари за килограм.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.