„Ербас“ до 2035 година ќе воведе авион со ниска емисија на јаглерод диоксид

„Ербас“ сака да изгради прв патнички авион со ниска емисија на јаглерод диоксид и да го воведе во промет во 2035 година, изјави директорот на компанијата, Гијом Фори.

 

 Тој истакна дека развојот на потребната технологија се уште во тек и нагласи дека е можно дека ќе се работи за хибриден авион или погонското гориво ќе биде водород или некое климатски неутрално гориво.

„Патот е многу комплициран“ рекол Фори.

 

Воздушниот сообраќај е одговорен за 2,5 отсто офд глобалните емисии на јаглерод диоксид.

 

„Ербас“ е свесен за своите одговорности и успеа до сега значајно да ја намали потрошувачката на гориво по патник, користејќи полесни авиони со посилни мотори, рекол Фори.

 

„Зелениот лет е наш главен приоритет“ заклучи Фори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.