Безос останува најбогат во светот со богатство од 115 милијарди долари

Извршниот директор и основач на „Амазон“, ЏJф Безос ја заврши минатата година и ја започна новата 2020 година како најбогат човек во светот со проценето богатство од 115 милијарди долари.

 

Безос се разведе во 2019 година по 25 години брак, а тој и неговата сопруга Макензи Безос се договорија да и останат нејзините четири проценти од акциите во гигантот за интернет малопродажба. Така, Макензи Безос доби околу 37 милијарди долари и е рангирана на 25-то место на најбогатите во светот.

 

Според индексот за милијардери на Блумберг, кој ги следи 500-те најбогати луѓе во светот, втор е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс со 113 милијарди долари.

 

На третото место е Бернард Арно со 105 милијарди долари. Арно е најбогатиот Французин и генерален директор на LVMH, кој контролира речиси половина од добро познатиот француски моден ланец, во кој освен „Луј Витон“ има и други светски познати брендови.

 

По него следува американскиот инвеститор Ворен Бафет со 89,3 милијарди долари, додека основачот на Фејсбук, Марк Закерберг е на петтото место со 78,4 милијарди долари.

 

Мексиканскиот магнат Карлос Слим го зазеде 11-то место со 60,2 милијарди долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.