Барселона забранува возење стари автомобили

Барселона забрани да се возат стари автомобили. Дизел автомобилите произведени пред 2006 година и бензинците произведени пред 2000 година се забранети за сообраќај во градот.

 

Ограничувањето е од 7 до 20 часот.

 

Нивните сопственици можат да побараат дозвола да ги возат само десет дена годишно. Доколку автомобилот е регистриран во странство, мора да се побара дозвола од општината, во спротивно ќе бидат казнети.

 

Локалните власти велат дека мерката ќе влијае на околу 50.000 возила и ќе ги намали емисиите на азотниот диоксид за 15 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.