Горивата поевтинуваат
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 08 Јануари 2020
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари за литар.
Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари, на „евросупер БС-98“ - 70 денари за литар, а на дизелот 62,5 денара за литар.
Новата цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,305 денари, на 38,548 денари за килограм.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс