Голем пад на светските берзи поради коронавирусот

ГНа светските берзи цените на акциите минатата недела остро паднаа бидејќи вложувачите стравуваат од негативни последици на кинеската, но и светската економија, поради коронавирусот.

 

На „Вол Стрит“ „Доу Џонс“ минатата недела потоnа 2,5 отсо, на 28.256 бодови, додека S&P 500 се лизна 2,1 процент, на 3.225 бодови, а „Насдак индексот“ 1,8 проценти, на 9.150 бодови.

 

Најголемиот неделен пад на тие индекси е последица на ширењето на коронавирусот во и надвор од Кина. Од вирусот досега во Кина починаа повеќе од 300 луѓе, а заразени се над 14.000.

 

Кина презеде низа мерки за спречување на ширењето на вирусот, од карантини во неколку градови до забрана на јавни собири, но вложувачите се загрижени додека се проценува колкаво би можело да биде негативото влијание врз економијата.

 

Авионските компании ги откажуваат летовите за и надвор од Кина, а многу компании привремено ги откажаа бизнисите во Кина.

 

Аналитичарите сметаат дека ширењето на кронавирусот, како некогаш САРС-от, најмногу ги погодува туризмот и довербата на потрошувачите, па се очекува и пад на потрошувачката и приходите на многу компании во Кина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.