Лондон планира царинска контрола врз стоките на ЕУ

Велика Британија воведува целосни царински контроли на стоките од Европската унија. Ова е јасно од акциониот план на владата на Борис Џонсон, достапен за британските медиуми.

 

Според нивните информации, фирмите кои имаат бизнис преку границите ќе бидат известени за промената на 10 февруари.

 

Предвидени се физички проверки на камиони со домати, сирење, месо и други производи. Целосната царинска инспекција значително ќе го забави движењето на стоките преку границата. Според анализите во британскиот печат, Борис Џонсон сака да испрати порака до Европејците дека ќе биде бескомпромисен во претстојните преговори за трговските правила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.