Нов проблем за „Боинг“, откриени пукнатини во авионоите „737 Макс“

Авионот на Боинг „737 Макс“ се соочува со потенцијално нов безбедносен проблем откако се пронајдени пукнатини во резервоарите за гориво на неколку нови летала, кои се наоѓале во магацин, каде чекале да бидат испорачани на авио-компаниите.

 

Како што пренесува Би-би-си, лидерот на програмата на Боинг, 737, им рекол на вработените дека ова откритие е апсолутно неприфатливо.

 

Пукнатините биле откриени за време на одржување на авионите, а Боинг соопштил дека веднаш направил корекција во системот за производство за да спречи такво нешто повторно да се случи.

 

Портпаролот на Боинг изјавил дека компанијата смета дека овој проблем дополнително ќе го одложи враќањето на авионите во воздухот.

 

Моделот на авиони „737 Макс“ беше приземјен во март минатата година по две авионски несреќи, во кои загинаа 346 луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.