Европскиот совет не успеа да донесе одлука за буџетот на ЕУ до 2027 година

По состанокот кој траеше околу 27 часа, Европскиот совет не успеа да постигне договор за буџетот на ЕУ до 2027 година. Ова го објави претседателот на Европскиот совет.

 

Сè уште не е одреден датум за следната средба на шефовите на држави и влади за повторно да се разговара за ова прашање.

 

Ни треба повеќе време, изјави Мишел на прес-конференција. Тој додаде дека постигнувањето договор е политичко прашање и дека ставовите на одделните земји веќе се приближуваат. Според него, голем дел од тешкотиите денеска имаат врска со повлекувањето на Велика Британија од ЕУ.

 

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лаејн рече дека што и да се согласи Европскиот совет, тој мора да биде одобрен од Европскиот парламент. Таа додаде дека буџетскиот разговор влијае на 27 различни интереси.

 

Видовме многу сериозен став од сите. Ние сме на вистинскиот пат. Постојат различни одговори на прашањето каков извор на приход може да има буџетот на ЕУ, додаде Фон дер Лејен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.