Бил Гејтс вложува 100 милиони долари во истражувања за коронавирусот

„Во последната недела, коронавирусот започнува да личи на она од што се плашевме - вирус што се случува еднаш во еден век.

 

Сепак се надевам дека нема да биде премногу лоша епидемија, но додека не дознаеме повеќе, мора да претпоставуваме дека ќе биде“, напиша за вирусот милијардерот и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во статија која во петокот беше објавена во магазинот The New England Journal of Medicine. Во неа тој објаснува зошто го смета коронавирусот за голема закана.

 

„Прво, покрај постарите луѓе кои веќе имаат здравствени проблеми, од него може да умрат и здрави возрасни лица. Податоците објавени досега сугерираат дека вирусот има стапка на смртност од околу 1 процент, што го прави многу поопасен од типичен сезонски грип“, напиша Гејтс.

 

Како друга причина, Гејтс го наведува фактот дека коронавирусот се пренесува многу брзо и лесно.

 

„Во просек, едно заразено лице го шири вирусот на две или три други лица - што претставува експоненцијална стапка на раст“, објaснува милијардерот.

 

Тој апелираше до светските лидери да помогнат во намалувањето на ширењето на вирусот. Исто така, ги повика поразвиените земји да им помогнат на посиромашните да се подготват за пандемија.

 

Покрај тоа, на 5 февруари, милијардерот објави дека неговата фондација „Бил и Мелинда Гејтс“ ќе донира 100 милиони долари за пронаоѓање на лекови и нивно тестирање на вирусот, кои се надева дека ќе му помогнат на посиромашниот дел од светската популација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.