20-те најбогати луѓе во светот изгубија скоро 78 милијарди долари за еден ден

Скоро 78 милијарди долари во еден ден загубија 20-те најбогати луѓе во светот, поради најголемиот пад на клучните индекси на светската берза од октомври 1987 година, објави Форбс.

 

Експертите проценија дека најмногу загуби претрпел извршниот директор на „Амазон Без“, Џеф Безос. Откако цената на акциите на неговата компанија паднаа за 8%, тој загуби скоро 8 милијарди долари. Богатството на извршниот директор на француската група на компании LVMH (Луис Витон Мот Хенеси) Бернар Арнауд се намали за 7,7 милијарди долари за еден ден.

 

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг изгуби 5,7 милијарди долари, а богатството на милијардерот Лери Елисон падна за 5,6 милијарди долари.

 

Вчера, клучните индекси урнаа над 9% на берзата во Њујорк, во услови на загриженост заради ширењето на новиот коронавирус. Ова е најголем пад на цената на акциите од октомври 1987 година, пренесуваат медиумите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.