Традиционалните регионални и локални медиуми бараат помош од државата

Заради актуелната состојба во која се наоѓа државата и потребата од редовна информираност на јавноста за актуелниот корона вирус COVID-19, како и за превенција, во обид како тредиционални медиуми да ги заштитиме граѓаните од секојдневниот прилив на лажни вести, Здружението на регионални и локални телевизии, Медиум Објектив бара помош и поддршка од државните институции.

 

Во дописот испратен до Владата и неколку надлежни министерства се истакнува моменталната состојба за донесување посебни одредби за субвенционирање на регионалните и локални медиуми за да можат да продолжат со континуирана работа новинарите и медиумските работници и да известуваат за состојбите во регионите каде делуваат. Согласно одлуката и препораките на Владата на Република Северна Македонија, приватниот сектор на локално и регионално ниво оправдано ги прекинува сите рекламни активности, а тој е практично единствениот извор на финансирање на традиционалните регионални и локални медиуми.

 

Во дописот се бара во најкраток можен рок, да се обезбеди финансиска помош за оваа погодена група медиуми, кои и понатаму ја извршуваат својата функција и општествена одговорност. 

 

Официјалниот предлог за помош и олеснување на работата, според извори од здружението би било ослободување од плаќањето на лиценцата за 2020 година, односно враќање на средствата кои веќе се уплатени во ААВМУ по тој основ.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.