Eуролинк осигурување известува за времено олеснување на условите за своите клиенти

Еуролинк осигурување активно ги следи случувањата ипрепораките поврзани со појавата на Ковид – 19 и соодветно ги применува мерките за спречување на ширењето на овој вирус.

 

Имајќи предвид дека најновите препораки се во насока на социјално дистанцирање и намалување на движењето на граѓанитешто ја ограничувадостапноста до ресурси, Еуролинк осигурување воведува мерки за временоолеснување на условите под кои нашите клиенти го обезбедуваат своето задолжително и незадолжително осигурување.

 

Целта на ваквите времени мерки е да се овозможи комплетна поддршка за сите наши осигуреници и нивните потреби во специјални околности, а истовремено да се заштити здравјето на клиентите,вработените и јавното здравје.

 

Во овој правец известуваме дека во следниот период се воведуваат следните олеснувања:

  1. Се дозволува 30 дена одложено плаќање за сите физички лица, за рати или плаќање во готово, за сите класи на осигурување. Мерката важи за сите нови и обновени полиси и сите начини на плаќање на премија.
  2. Полисите на нашите клиентифизички лица за сите класи на незадолжително осигурување, чии што рок за обнова е во периодот од 15.03. до 31.03, а кои од која било причина клиентите не стигнале или не можеле да ги обноват/потпишат, ќе се сметаат за важечки уште 15 дена од нивниот истек. Еуролинк осигурување ќе ги подмири евентуалните штети кои би настанале во продолжениот рок на траење и кои клиентите би ги пријавиле согласно условите на соодветната полиса. Клиентот има можност да одлучи дали сака да ја обнови полисата или не, а доколку реши да не ја обнови нема да има финансиски обврски за продолжениот рок на траење.
  3. Сите полиси за правни и за физички лица во следниот период ќе се договараат по телефон, а ќе се доставуваат електронски по е-маил. Ова важи и за задолжителните полиси за осигурување од автоодговорност и за сите незадолжителни класи на осигурување.
  4. Сите полиси и документи што не можат да се достават електронски, ќе се доставуваат по пошта. Во случаи кога на барање на клиентот полисата ќе биде потребно да се достави на рака, ќе бидат преземани сите мерки за одржување неопходна хигиена со цел да се заштитат клиентите и вработените. За оваа цел сите продажни места на Еуролинк осигурување се опремени со средства за дезинфекција и соодветна заштитна опрема.
  5. Осигурениците на Еуролинк имаат можност за едноставно електронско пријавување на штети преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување.
  6. Достапна е опцијата за брзо и едноставно онлајн плаќање на рати и фактури преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување.
  7. Интернет продавницата на Еуролинк осигурување нуди можност за купување на онлајн полиси за патничко осигурување, станбено осигурување, осигурување од автоодговорност и полиса за приватно семејно здравствено осигурување.

 

За сите дополнителни прашања, Еуролинк осигурување Ви стои на располагање преку Контакт центарот на 02/15888 или е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.каде може да се добие услуга и поддршка 24/7.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.