Милошоски: На десетици илјади граѓани им се заканува отпуштање, власта да ги прифати мерките на ВМРО-ДПМНЕ

Сметаме дека ситуацијата е алармантна и дека владата не треба да чека да се случат отпуштања и крахирања на фирми, а потоа да реагира, туку треба на времено да реагира за да не се случуваат вакви дополнителни отпуштања и затворања на претпријатија, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Автомобилската индустрија во Европа гледаме дека е во сериозна криза поради сосотојбата со корона вирусот, а тоа почнува да се одразува и во странските инвестиции кои што работат во Македонија, но се одрзаува и кај домашните стопанственици мали, средни и големи претпријатија кои што се нераскинлив дел од економијата или се поврзани со странските инвестиции. Ова значи дека во моментот на десетици илјади граѓани во Македонија им се заканува отпуштање од работа доколку нема навремен и ефикасен план за справување со оваа економска криза која што исто така е опасна колку што е опасна кризата до вирусот корона. Владата мора да ја сфати сериозноста на оваа ситуација и да реагира веднаш без одлагање и сметаме дека тандемот Нина Ангеловска министер за финансии и Мила Царовска вицепремиер за економски прашања досега немаат соодветен план за да реагираат навремено да не се случуваат вакви отпуштања“, рече тој.

Доколку владата нема капацитет, додаде Милошоски, би било многу поодговорно да ги побара најдобрите двајца економисти од стопанските комори, да ги побара најдобрите двајца економисти од факултети, да ги побара од опозицијата, од други политички партии секој да помогне да се направи итен план за оваа пандемија која што го зафаќа здравјето на граѓаните, да не биде и пандемија која што ќе значи и колапс на економијата.

Според него, мерките коишто ги промовирала владата од пет милиони евра директна поддршка се слично како да лечете коронавирус со чај и со лук.

„Апелираме до СДСМ и до Зоран Заев и до неговите претставници во владата Нина Ангеловска и Мила Царовска сериозно да ги разгледаат и по можност да ги прифатат мерките кои ги нуди економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Милошоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.