Димитриеска-Кочоска: Не го блокирам заемот од Светска банка, барам само појаснувања за истиот

Дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска одржа прес-конференција на која како неиздржани ги оцени обвинувањата од високи функционери на СДСМ дека таа наводно го блокирала заемот од Светска банка во износ од 90 милиони евра.

 

„На 28 април добив документи за евро-обврзница, поточно избор на банки кои ќе посредуваат, како и адвокатски канцеларии, а истиот ден ги добив документите за заемот од 90 милиони евра од Светска банка. Документите за евро-обврзницата во истиот момент беа потпишани и вратени, додека за кредитот од СБ, побарав време за да разговарам и да се консултирам со стручни лица“, објасни таа.

 

Димитриеска-Кочоска рече дека кредитот од СБ е строго наменски кредит.

 

„Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации“, појаснува таа.

 

Воедно ја повика Владата да ги објави сите документи кои се доставени до неа, со цел, како што рече, граѓаните сами да се уверат зошто како функционер бара дополнителни информации.

 

„Иако Владата во континуитет разговарала и преговарала со СБ, во ниту еден момент не бев вкчучена во тие разговори. Вчера беше првиот и единствен состанок со СБ каде побарав детално појаснување каде ќе се трошат овие пари“, посочува дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.