Започна исплатата на средствата од МОЈ ДДВ за првото тримесечје од 2020

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната, информираат од УЈП.

 

Во ова прво тримесечје од годината скенирани се  49,946,278 фискални сметки,  направен е  промет во износ 21,957,355,689 денари со  вкупен ДДВ од 2,292,026,352 денари.

 

Вкупниот број на  регистрирани корисници до 31.03.2020 година на апликацијата МојДДВ е 279,498.

 

Повратот за ова тримесечје изнесува  343,803,953 денари односно  5,590,000 ЕУР. За донирање на својот поврат за ова тримесечје јан-март се изјасниле 8700 граѓани.  

Исплатата се врши во неколку етапи и истата ќе заврши согласно законскиот рок,  односно во рок од 60 дена по  истекот на календарското тримесечје  во кое е издадена фискалната сметка.

 

 Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки, и доколку има грешки во истите, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.