Соопштение за јавност од Еуролинк осигурување АД Скопје

Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка.

 

Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

 

Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои нашиот Контакт центар достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации за јавноста достапни сме на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.