Отворен најголемиот онлајн саем за вработување: Над 500 отворени позиции во 80 компании од Македонија и регионот
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 07 Октомври 2020
Вечерва точно во 00:00 на полноќ почна најголемиот регионален онлајн саем за вработување - отворени се над 500 слободни места во преку 80 компании од Македонија и регионот!
Од 7 до 14 октомври сите посетители на саемот на веб-страницата ќе можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места во над 80 компании од Македонија и регионот.
Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнери од регионот: MojPosao - Хрватска, Poslovi.Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина, а од оваа година и Deloglasnik - Словенија.
Предности на саемот
Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет-врска. За разлика од физичкиот саем, кој трае само еден ден и бара доаѓање на одредена локација, нашиот саем може да го посетите од кое било место на планетава, кога и да ви одговара!
На виртуелните штандови и годинава ве очекуваат престижни компании кои бараат вработени и со кои може да остварите директна комуникација или да направите онлајн интервју.
На штандовите на работодавците, покрај огласи за вработување, можете да пронајдете информации за компанијата, искуствата на вработените и галерија со фотографии и видеа од идното работно опкружување.
На сите посетители на саемот кои се во потрага по нов професионален предизвик им порачуваме да ги подготват, односно ажурираат своите биографии, мотивациски писма и профилите кои веќе ги имаат на Vrabotuvanje.com и да дојдат на саемот.
Едноставно е, кликнете на http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com
Спектарот на огласи што можете да ги пронајдете на саемот е навистина широк: од можност за градење кариера во најпрестижните македонски и странски компании до шанса да си го промените животот преку работно место во некоја од земјите од регионот.
Компании изложувачи на саемот се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Магна Интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата Мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.
Посетете не од 7 до 14 октомври на https://regionalensaemzavrabotuvanje.com и насочете ја вашата кариера во вистинската насока!
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс