Отворени над 500 работни позиции: во тек е најголемиот онлајн-саем за вработување во Македонија и регионот

Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување и испратете ја својата работна биографија за над 500 отворени понуди за вработување.

Со еден клик на веб-страницаата http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување, на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени за над 500 слободни позиции. Отворени се повеќе од 100 работни места само во Македонија.

Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот, освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавец преку чет или видеоповик.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Сè што ви треба е интернет!

Компании изложувачи на саемот се: „А1 Македонија“, „Кроација осигурување“, НЛБ банка, „Македонски телеком“, „Магна интернационал“, „Телеперформанс Скопје“, „Киел Македонија“, „Дата мастерс“, Aptiv, BREON, „Маркарт“, „Костал“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Лакталис“, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Саемот до денес го посетија над 40.000 посетители од Македонија, а ќе биде отворен до среда (14 октомври), па затоа побрзајте и посетете го на http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com - можеби вашето ново работно место се крие таму!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.