„Визер“ суспендира 50 летови од земјите на поранешна Југославија, најмногу откажани во Скопје

„Визер“ е во процес на суспендирање на педесет авио-линии од и кон земји од поранешна Југославија, со секој град што го опслужува во погодениот регион, пренесе „Екс-Ју-Авиејшн“.

Најголем број откажувања има во Скопје, по што следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево. Во текот на ноември, превозникот повеќе нема да ја опслужува Подгорица, бидејќи сите шест нејзини линии од главниот град на Црна Гора ќе бидат суспендирани, сепак, некои се планира да продолжат во декември.

Превозникот повторно го одложи започнувањето на своите нови летови од Милано до Приштина, кои сега треба да започнат на 19 декември. Буџетската авиокомпанија исто така ја прекина својата услуга помеѓу Дортмунд и Сплит, која беше пуштена во употреба ова лето и се предвидуваше да сообраќа во текот на зимската сезона.

Неколку рути што сè уште се во функција, како што се Мемминген - Подгорица, Виена - Охрид и Стокхолм Скавста - Скопје, ќе бидат суспендирани за време на две недели во зимската сезона.

Превозникот планира да врати некои од своите правци во ноември и декември, иако тоа веројатно ќе се промени. Поголемиот дел од летовите нема да започнат до почетокот на летната сезона во 2021 година. Превозникот е во процес на продолжување на некои линии што беа привремено откажани во текот на летото, вклучително и Скопје - Турку и Белград - Ларнака, додека Скопје - Нирнберг, Скопје - Копенхаген и Белград - Баден Баден ќе се рестартираат на крајот на месецот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.