Народната банка поднесе кривична пријава против одговорните лица во Еуростандард банка

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.

Како што информираат од НБРМ, кривичната се однесува за предизвикување стечај на банката.

Истовремено, Народната банка до Јавното обвинителство предложила и преземање мерки што се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Поради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумција на невиност, во овој момент Народната банка не споделува подетаљни информации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.