Владата им препорачува на банките да исплаќаат пензии од 27 октомври

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите што не користат картички да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

- во вторник, 27.10.2020 година, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари;

- в среда, 28.10.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;

- в четврток, 29.10.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;

- в петок, 30.10.2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Владата го утврди најновиот текст на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научноистражувачката дејност. Со предложените измени се пролонгира рокот за избор во научни звања, односно лицата што се фаза на стекнување овој статус да ги завршат докторските студии и да бидат избрани во научно звање научен соработник, со што се надминува состојбата поради која немаше законски основ за исплата на септемвриската плата во научните институти.

Владата денеска го утврди новиот текст на предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и во согласност со член 170 од Деловникот на Собранието ќе го достави до пратениците на усвојување. Овие дополнувања се со цел да обезбедат стабилни приходи и да се олесни работењето на општините во време на Ковид-19 за 2021 година, кои се дел од пакетот 4 на Владата.

На денешната седница е утврден и новиот текст на предлогот на Законот за изменувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Целта на предлогот на Законот за изменувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е создавање услови за целосна имплементација на член 147-а од Законот за служба во Армијата, според кој, активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата остварува право на стаж на осигурување со зголемено траење, односно бенефициран стаж.

Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.