„To Montenegro“ нова црногорска авиокомпанија

Црногорската влада денеска ќе започне со процесот за основање на нова авиокомпанија, изјави министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ и додаде дека новата компанија ќе се вика „To Montenegro“.

„Ќе имаме нова компанија што ќе се води како што треба“, додаде тој.

Тој додаде дека ќе бидат потребни шест до девет месеци да се заврши сѐ што е потребно во врска со новата авиокомпанија.

„Испративме официјално писмо до Европската комисија да ни помогне во тој процес. Исто така, планираме да преземеме одреден дел од персоналот од 'Монтенегро ерлајнс' во новата компанија“, рече Бојаниќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.