Маск: На „Тесла“ ќе можете да ѝ плаќате со биткоини

Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, објави дека ќе биде можно да се плати за автомобилите на компанијата со помош на криптовалутата биткоин.

„ Можете да му платите на „Тесла“ со биткоини“, напиша претприемачот на својата страница на Твитер.

Опцијата за плаќање со биткоин ќе биде достапна надвор од САД кон крајот на 2021 година, додаде Маск.

Американската компанија „Тесла“ на 8 февруари објави дека инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и објави дека во блиска иднина ќе им овозможи на клиентите да плаќаат за нејзините автомобили во таа крипто валута.

„ Една од најголемите компании во светот инвестираше во биткоин, што значи дека сите инвеститори во „Тесла“ (или барем само еден фонд во (индексот) S & P-500) се изложени на тоа“, рече тогаш Илон Маск.

Тој исто така поддржуваше други дигитални валути, како што е dogecoin.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.