Поради заклучувањето германските трговци загубиле 40 милијарди евра
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 26 Март 2021
Стоте дена заклучување ги чинат многу германските трговци и многумина ги довеле до работ на егзистенција.
Според проценките, од 16 декември, кога беше воведено заклучувањето, дуќаните изгубиле меѓу 35 и 40 милијарди евра од прометот, велат од германското Здружение на трговци.
Новото продолжување на мерката за заклучување до 18 април носи дополнителни загуби и до 700 милиони евра, истакнуваат од здружението во својот извештај.
Во него се додава и дека околу 120.000 продавници се пред банкрот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс