КАМ се обрати до јавноста и потрошувачите

По повод изнесените информации на социјалните мрежи и медиуми за откриено страно тело во замрзнат производ од странско потекло, компанијата КАМ се обрати до јавноста и до своите лојални потрошувачи со следното соопштение:

ИНТЕГРАЛНА ОБЈАВА

Компанијата КАМ, која својата доверба посветено ја гради повеќе од две децении кај домашните и потрошувачите во регионот, соработува исклучиво со домашни и странски производители и дистрибутери на храна кои ги поседуваат современите сертификати за квалитет IFS, HACCP, ISO 9001, ISO 22000. На оваа основа секторот за Контрола на квалитет во нашата компанија континуирано ја контролира исправноста на производите, протокот на производите, ладниот ланец и секогаш во повеќекратно поголем обем од законски предвидените. Таков е случајот и со  производите од предметниот производител кој во изминато тримесечје оваа година е контролиран 3 (три) пати.

Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи.

Компанијата КАМ по повод овој случај веднаш се обрати и до производителот кој исто така подлежи на постојан надзор од националните служби за исправност на храната во Република Србија и произведува согласно посочените стандарди кои го штитат здравјето на потрошувачите.

Компанијата КАМ, по остварената комуникација со реномираниот производител на замрзнати производи беше известена дека согласно воспоставените европски контролни системи практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот имајќи го во предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа останува отворен за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава.

Во оваа насока, со цел доследно документирање и професионално обработување на овој случај КАМ ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.

По утвдувањето на фактичката состојба ќе може да се превземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.