(Видео) Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл" од 300 милиони евра и отворање нови работни места

Како дел од Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 - 2027 година, најавена е и голема странска инвестиција на „ЛИДЛ“ од Германија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека е предвидено овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

„ Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје. Со влезот на “Лидл” - познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот “Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа. “Лидл” значи и отворање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава“ истакна Кузеска.

Таа додаде дека следната голема инвестиција е домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати, нагласи таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.