Најбогатите земји во светот поддржаа историски договор

Најголемите светски економски сили на Г7 поддржаа историски план според кој мултинационалните компании ќе се оданочуваат, а затајувањето на данок би било значително ограничено.

Како што објави британскиот министер Риши Сунак, министрите за финансии на Г7 се согласија за даночна стапка од најмалку 15% за големите корпорации.

Технолошките гиганти како Амазон и Гугл би можеле да бидат меѓу компаниите опфатени со овој договор, пренесуваат светските агенции.

Според договорот, државите во нивните буџети би можеле да добиват прилив кој би се мерел во милијарди долари, и истите средства подоцна ќе можат да ги искористат за да ги отплатат долговите насобрани за време на кризата.

По состанокот на Г7 во Лондон, преговорите за глобалниот даночен систем ќе продолжат на самитот на Г-20 во Венеција следниот месец.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Франција сака даночната стапка да биде минимална, врз основа на предлогот од 15% даден од американскиот претседател Џо Бајден.

„Ова се прашања на чесност и ефикасност. Американскиот предлог од 15% е почетна точка, но ако можеме да направиме повеќе, тогаш мораме“, рече Ле Мер.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека е убеден дека може да се постигне договор. „Ќе имаме договор што навистина ќе го промени светот“, изјави Шолц.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.