Се зголемува цената на бензините и дизелот
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 07 Јуни 2021
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг и сега ќе изнесува 34,889 ден/кг.
Од 8.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС - 95 68,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 70,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 60,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 60,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,889 (денари/килограм)
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс