„Икеа“ во Франција казнета со милион евра за шпионирање на вработените
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 16 Јуни 2021
Француски суд ѝ наложи на „Икеа“ да плати еден милион евра за шпионирање на своите вработени во таа земја, откако водечкиот светски ланец за мебел беше прогласен за виновен за нелегално собирање и чување на податоци за вработените.
Француска подружница на шведскиот производител на мебел е обвинета за „демнење“ на работниците и нарушување на нивната приватност во текот на повеќе години што вклучувало прегледување на состојбата на нивните банкарски сметки и понекогаш ангажирање лажни работници за да ги шпионираат вработените.
Обвинителството побара казна од два милиони евра.
„'Икеа ритејл' - Франција остро ја осудува оваа пракса, се извинува и спроведува сериозен план за акција за да спречи вакво нешто да се повтори“, се вели во соопштението на компанијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс