Георгиевска: Пратениците да гласаат за ребалансот на буџетот

Денеска пред пратениците е ребалансот на буџетот за 2021 година.

Пратеничка на СДСМ, Марија Георгиевска, истакна дека ребалансот придонесува кон враќање на претходните стапки на економски раст, кој обезбедува поголема поддршка за економијата и граѓаните со крајна цел - целосно надминување на последиците од корона-кризата.

Георгиевска ги повика пратениците да гласаат.

„Апелираме до сите пратеници од сите политички партии преку отворена и аргументирана дискусија да го усвојат овој ребаланс, кој е во насока на градење стабилна, развојна економија, која ќе продуцира зголемен раст и носи шанса за сите“, рече Георгиевска.

Како што образложи, со ребалансот 2,7 милијарди евра се издвојуваат за инвестиции во човечкиот капитал во образованието, здравството и социјалната заштита, што во споредба со периодот пред три години е повеќе од половина милијарда евра.

„Ги зголемуваме и средствата за активни мерки за вработување, од 1,3 милијарда денари на рекордни 1,66 милијарда денари или 27 милиони евра. Ова треба да резултира со нови работни места и дополнителен пад на стапката на невработеност, која сега е на 16 отсто“, рече Георгиевска.

Во споредба по области, со овој ребаланс за земјоделството се обезбедуваат три милијарди денари, заштитата на животната средина се зајакнува преку нова програма за зелен развој со 685 милиони денари, а за здравството се обезбедуваат дополнителни над шест милијарди денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.