Постигнат договор со винариите: 10 денари за „Смедервка“ и 12 денари за „Вранец“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа состанок со претсатвници на винариските визби.

По дваипол часа преговори, постигнат е договор откупната цена за „Смедервка“ да изнесува 10 денари и 12 денари за „Вранец“. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите.

Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва. Истотака, министерот Хоџа го реафирмираше ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.

„ Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини“ велат од министерството.

Оттаму додаваат дека министерот во договор со винариите ветил дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.