488 милиони евра се слеале кон македонските фирми по основ поврат на ДДВ

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година и 20,8 % во споредба со 2019 година, информираат од Министерството за финансии.

„Кон фирмите во РС Македонија по основ поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра, што е 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година. Дополнително, кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарда денари со други даноци, со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарда денари“, се наведува во соопштението од Министерството.

 

 

Во него се додава дека ова е значајна поддршка за компаниите, особено во време на криза предизвикана од Ковид-19.

„Повратот во текот на 2021 година се вршеше тековно и навремено. Во таа насока придонес дава големиот процент на дигитализација на процесот, а дополнително влијание на ефикасноста на извршување на повратот на ДДВ, на што се работи во моментот, ќе даде тоа што тој процес целосно ќе се автоматизира.

Вршењето на повратот на ДДВ редовно и навремено кон комапниите во домашното стопанство има значење за нивната ликвидност и конкурентност“, нагласуваат од Министерството за финансии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.