(Видео) Антовски: Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зошто за власта има тендери и криминал

Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зашто за власта има тендери и криминал, изјави Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека во сред зима делови од Скопје немаат парно, неизвесно е дали утре ќе има греење, затоа што никој од неспособната влада на чело со пиунот Ковачевски не преземале мерки за набавка на евтин гас, кога тоа го правеа владите на државите во регионот и Европа.

 

 

„ Неспособноста која владата ја има сега граѓаните ќе ја плаќаат преку буџетот, но и со тоа е неизвесно дали ќе има греење. Како што се неспособни и го загрозија греењето, така се неспособни и го загрозија снабдувањето со електрична енергија“ истакна Антовски.

Тој додаде дека Блок 3 на РЕК Битола, повторно е надвор од функција, нагласувајќи дека повторно трансформаторот не работел.

„ Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт. Сега пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба. Поправката на овој трансформатор од технички аспект е многу дискутабилна. Со техниката не се игра и истата не трпи импровизации. Веднаш после синхронизација на блокот се активирала заштитата на блок трансформаторот и Блок 3 е повторно надвор од погон. Првите контроли и надзор од стручните лица укажуваат на внатрешен дефект на трансформаторот. Негова поправка во вакви случаи трае повеќе од една година“ рече тој.

Според него, тоа значи дека Блок 3 во РЕК Битола најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак, како што рече, значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за MWh, а ќе ја продава за 41 евро по MWh на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време.

„ Што значи тоа? Дополнително загадување на животната средина за подолг временски период, дополнително загадување на воздухот, дополнително нарушување на здравјето на граѓаните на државата. Повеќе од јасно е дека СДСМ ја уништува енергетиката во Македонија, повеќе од јасно е дека СДСМ нема капацитет, нема идеја, нема решенија како да се справи со кризите кои што ги наметна во нашата држава.

Несериозноста, лукративноста и инаетењето не водат кон подобро. Итно мора да замине сето раководство во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, и наместо плетење легенди за „шампиони“ да се посвети внимание за катастрофата во којашто ја втурна државата.

Фактите се јасни. Оние кои ја втурнаа Македонија во енергетска криза не може да бидат дел од решението. Треба да си заминат што поскоро за тоа што наскоро ќе го осетат гневот на народот на сопствена кожа“ порача Антовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.