Стојаноски: Колку подолго е на власт владата на СДСМ и ДУИ, толку поблиску сме до банкрот

Во текот на месец јуни, во Собранието ќе се разгледува Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Двоецот Бесими – Ковачевски, пред само 6 месеци во ова Собрание не убедуваа дека Буџетот за 2022 година е направен за да одговори на кризите со кои се соочува државата и дека ќе има рекордно ниво на капитални расходи, кои ќе го надминат буџетскиот дефицит.

За потсетување, уште во ноември државниот врв бил информиран дека Русија ќе ја нападне Украина, а уште од летото 2021 знаеја дека цената на електричната енергија ќе расте, посочи денеска Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од почетокот на пандемијата во 2020 година, постојано сме во криза, донесени се два ребаланси во 2020 година, Буџет и Ребаланс за 2021 година и Буџет за 2022 година. Тоа значи 5 Буџета во период од две години и секогаш велат дека непродуктивните трошоци ги кратат за стотина милиони евра. Ребалансот на Буџетот за 2022 година, сеуште не е достапен на пратениците, но од пресот на министерот за финансии можеме да заклучиме дека повторно се кратат капиталните расходи т.е. развојниот дел на еден Буџет“, вели Стојаноски.

Лошото менаџирање со енергетските капацитети од страна на власта не доведе до покачување на цената на струјата за 30-тина проценти во последните 3 години, а веќе на лето се очекува и ново покачување кое може да биде повторно двоцифрено, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека владата на СДСМ и ДУИ мора да си замине час поскоро.

„Колку подолго се на власт, толку поблиску сме до банкрот. Јавниот долг се очекува да ги пробие сите можни граници, и таа од 8 милијарди евра и таа од 65% од БДП. Генерации и генерации ќе треба да ја плаќаат неспособноста, незнаењето, но пред се криминалот и корупцијата на оваа Влада“, истакна Стојаноски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.