Поради зголемените трошоци за живот, населението во Белгија излезе на улиците

Населението во Белгија денеска излезе на улиците за да го покаже своето незадоволство од трошоците за живот. Поради демонстрациите, бриселскиот аеродром беше принуден да ги откаже сите полетувања во понеделникот, а многу автобуски линии во земјата беа суспендирани, пренесуваат тамошните медиуми.

Синдикатите во соопштението наведуваат дека очекуваат десетици илјади луѓе да присуствуваат на демонстрациите во Брисел. Железничкиот транспорт работи делумно за да им овозможи на демонстрантите да дојдат во Брисел, објавуваат агенциите.

Во анализите е наведено дека инфлацијата во Белгија достигна 9 отсто во јуни, што го одразува наглото зголемување на трошоците за живот, најмногу поради тоа што руската инвазија на Украина ги погоди синџирите за снабдување со жито и предизвика пораст на цените на енергијата.

Белгискиот премиер Александар де Кро изјавил дека белгиските работници се подобро заштитени од нивните колеги во повеќето други земји од Европската Унија бидејќи платите се индексирани според инфлацијата.

Тој за јавната телевизија РТБФ изјавил дека владата ги продолжила мерките за намалување на даноците на продажбата на гас, електрична енергија и гориво до крајот на годината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.