Бектеши - Ќехаја: Косово е важен трговски партнер за Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денес се сретна со новиот амбасадор на Косово, Флориан Ќехаја.

Министерот Бектеши му честита на амбасадорот Ќехаја за новата должност и му посака успех во текот на неговиот мандат.

Зголемување на билатералната трговија, реализација на заеднички инфраструктурни проекти, соработка во проекти за развој на туризмот и мерки за зголемување на економската соработка, кои ќе придонесат за создавање услови за раст на двете економии, беа главните теми на кои разговараа двајцата соговорници.

На состанокот беа разменети мислења и за мерките што ги презедоа двете соседни земји за соочување со енергетската криза, која го зафати регионот и светот, како и следните чекори во оваа насока, со цел постигнување поголема енергертска независност.

Министерот Бектеши истакна дека Република Косово е важен трговски партнер за Северна Македонија и е на 10. место на листата на земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена.

Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година остварен е значителен раст во вкупната трговија помеѓу Македонија и Косово од 43 %, при што извозот е зголемен 29,6 %, а увозот 137,2 %.

Во првите четири месеци од 2022 година остварена е вкупна размена во износ од 162,3 милиона евра, од кои 118,7 милиони евра се однесуваат на извоз во Република Косово, а 43,5 милиони евра се однесуваат на увозот од Република Косово. Во споредба со истиот период од 2021 година, вкупната размена е зголемена 49,7 %, извозот 40,4 % и увозот 82,7 %.

Бектеши и амбасадорот Ќехаја се согласија дека соработката меѓу двете земји ќе се продлабочува уште повеќе во иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.