ГРОМ бара владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури

Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет.

Дополнително се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт како и санкцииите према Русија како два најголеми светски производители на овие култури. Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни но во исто време владата треба веднаш да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини на брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно, реагираат од Граѓанската опција за Македонија.

Производителите не смеат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресиранавелат од оваа партија, напротив нагласуваат дека ГРОМ предлага откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени.

„На таков начин ќе ги заштитимие производителите но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и животинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година. Повикуваме владата да постапува одговорно и сериозно да одговори на опасноста која ни демне“, се потенцира во реакцијата од ГРОМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.