Горивата остануваат со иста цена, се менува цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,000 денар/кг и сега ќе изнесува 54,291 денари/кг.

Од 24.6.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- моторен бензин „евросупер БС-95“ - 110,00 (денари/литар)

- моторен бензин „евросупер БС-98“ - 112,00 (денари/литар)

- дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) - 110,00 (денари/литар)

- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) - 107,00 (денари/литар)

- мазут М-1 НС - 54,291 (денари/килограм)





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.