All for Joomla All for Webmasters

Акција за собирање електричен отпад

Собирање електричен отпад

Општина Бутел викендов ќе организира акција за собирање на електричен и електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори и за таа цел ги повикува граѓаните да го подготват непотребниот електричен отпад и да ги изнесат старите, расипани и непотребните електрични апарати пред своите домови или стамбени згради, како би можеле екипите на општина Бутел да го соберат, односно да го товарат во соодветни товарни возила, се вели во соопштението од општината.


Во сабота на 14 април од 9:00 до 16:00 отпадот ќе се собира во населбата и село Радишани, Расадник и Љуботенски пат,  а во недела на 15 април во периодот од 9:00 до 14:00 часот од Бутел 1 и 2 и Скопје Север.


Од општината информираат и дека по завршувањето на акцијата граѓаните ќе имаат каде да ги одложуваат непотребните и расипани електронски апарати.


На територијата на Општина Бутел веќе се поставени три контејнери: Пред Општина Бутел, пред ОУ „Ацо Шопов“ и пред ОУ „Петар Здравковски Пенко“.


Претходно граѓаните ќе треба да го побараат недлежниот редар кој ќе им го отклучи контјнерот во кој ќе се складира непотребниот електронски уред, или друг електричен отпад. Контакт лицата се од општината Душко Неделчиќ, 070/681-740, за контејнерот пред Општина Бутел и Димитар Ѓаковски, 070/651-156, за контејнерот пред ОУ „Ацо Шопов„ и Тони Михајлов, 070/328-397, за контејнерот пред ОУ „Петар Здравковски Пенко“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.