All for Joomla All for Webmasters

Учениците од ООУ "Ацо Шопов" го одбележаа Светскиот ден на здравјето 7 април

ООУ "Ацо Шопов"

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 април во ООУ Ацо Шопов во Општина Бутел се одржа работилница за здраствената култура.

 

Во дворот на училиштето во повеќе групи децата изработија разновидни плакати за тоа што е здрава а што нездрава храна. Директорката на училиштето рече дека со одржувањето на ваквите работилници и предавања во училиштето децата учат како да се грижат за своето здравје и да внимаваат на здравјето на своите другарчиња.


Во училиштето денеска се одржаа и предавања за здраствената култура. Др. Филип Богоески рече дека со овие предавања се прави едукација на децата околу начинот на исхраната и како понатаму треба да се грижат за своето здравје. Др. Богоески додаде дека едукацијата се прави како за децата од најмала возраст така и за нивните родители. треба да научат како и што треба да се хранат, за вакцините Што треба редовно да се примаат, за начинот на држење на своето тело, правилното седење на часовите како и за важноста на фозочкото образование. Докторот потенцираше дека децата во денешно време имаат култура за здравјето но треба да се води поголема грижа.


Родителите носат најголема одговорност за здравјето и грижата на децата, додаде доктор Богоески, бидејќи и нивниот модерен начин на живот, излегувањето рано наутро и враќањето доцна, не им дозволува да им посветат доволно време на децата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.