Изгласани сите точки на дневниот ред на Советот во Општина Бутел

Совет во Општина Бутел

Учество во проектот за уредување на коритото на Серава, прифатена иницијатива з ДУП и дополнување на програмата за комунални дејности се точките кои денеска беа изгласани на деветтата седница на Советот во Општина Бутел.

 

Советниците од општина Бутел, на денешната деветта седница на совет ги усвоија педвидените три точки од дневниот ред.


Со позитивното гласање на точките Општина Бутел финансиски ќе учествува во реализација а проектот ,Уредување, заштита и регулација на речното корито на реката Серава,, , а прифатена е и иницијативата за изработка на ДУП, Градска четврт С13 во Општина Бутел. На денешната седница на Совет беше прифатена и одлуката за дополнување на програмата за комунални дејности на Општина Бутел за 2018 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.